Седум Чакри

 

Јогата ни говори за седумте главни чакри кој се поставени во линија од базата на 'рбетот па се до врвот на главата. Секоја чакра е поврзанa со боја и е поврзана со нас на едно емотивно, ментално и духовно ниво.

Целта е ,  сите наши чакри да бидат одблокирани. Ако некоја од чакрите не е  активна, тогаш некоја од другите чакри може да направи компензација и да станува хиперактивна, што не е добро затоа што рамнотежата меѓу чакрите е многу важна.

Чакрите црпат енергија од нашата животна средина и тоа од сите видови , вклучувајќи ги звучните бранови, светлина , вибрациите итн.

Чакрите зависат од нашата средина, нашата исхрана, и од луѓето што не опкружуваат. Медитацијата и Хата јога можат да ви помогнат да го исчистите и урамнотежите протокот на чакрите. Медитацијата и Хата јогата исто така имаат специфично значење за ослободување од блокираната енергија со користење на мудри позиции и ставои додека медитирате.

Кундалини Јога е дисциплина која се фокусира на духовниот раст преку будење на животната енергија која лежи заспана во чакрите. Оваа јога пракса се вели дека е толку моќна, што не се препорачува да се вежба без учител.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.