Зборот суплементација доага од латинскиот збор суплементум што означува нешто што е додадено во некоја работа заради избегнување на дефицит.Суплементите претставуваат препарат: прашок, таблети или течност која содржи различка количина на нутриенти и други супстанции кои се внесуваат заедно со секојдневната исхрана се со цел да се овозможи адекватен или зголемен внес на одредени нутриенти.
Националниот институт за здравје на САД, односно нивниот оддел за суплементи, истите ги дефинира како: Суплемент претставува секој производ кој се користи како додаток со исхраната, а е составен од витамини, минерали, лековити билки и нивни концентрат, екстракти или нивни смеси. Суплементите на пазарот се дистрибуираат во вид на таблети, капсули, прашоци и течности и можат да се пакуваат посебно или да се додаваат во конвенционалната храна.
Голем придонес во користењето на суплементите во спортот имале и научните истражувања кои поозбилно почнале да се изведуваат во 80-те години. Еден од ннајпознатите луѓе од ова поле кој многу придонел во делот на суплементацијата бил шветскиот научник др. Ерик Хултман од Каролина институтот во Стокхолм, кој истражувал голем број на суплементи меѓу кој и суплементот на 90-те, креатинот. Покрај креатинот истражилав и голем број на други суплементи кои се користат како додаток во исхрана а кои имаат за цел подобрување и оптимализирање на телесниот состав. Главна цел на овој текст е да се даде еден општ вовед и слика за тоа што пертставуваат суплементите и како правилно да е користат во зависност од целта која што треба да се постигне.