Започнете го денот со утринско протегање

 

Сигурно првото нешто што го правите пред да го започнете денот, е протегање во вашиот кревет. Не само што се чувствува одлично додека се протегате, едноставно ќе ви се разубави целото утро. Доколку станете и го проследите утрото со екстра неколку вежби за протегање, ќе му  овозможувате на вашето тоело бројни бенефивции во текот на денот.

 

Утринското протегање има голем број физиолошки и ментални здравствени придобивки.

 

Физиолошки здравствени придобивки

Протегањто во раните утрински часови ни помага да ги разбудиме мускулите со зголемување на циркулацијата на крвотокот. Ја зголемува флексибилноста и заедничкиот опсег на движење во текот на денот. Ова ќе ја намали веројатноста од повреди, а циркулацијата ќе им помогне на  хранливите материи по ефикасно да се транспортираат низ целото тело.

 

Ментални здравствени придобивки

По утринското протегање, едноставно се намалува мамурлокоти ќе ве следи будноста и убаво расположение во текот низ целиот ден. Секокојдневното истегнување може да ви помогне полесно да се справите со стресот, и не само што ќе бидете посреќни во текот на денот, едноставно ќе забележите зголемена виталност и издржливост!

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.