Овие морски растенија содржат повеќе витамини и минерали од било која друга храна.
Содржат:
Витамин Б2
Ниацин
Холин
Каротин и алгински киселини.
Дваесет и три минерали: јод, калиум, калциум, фосфор, железо, натриум, магнезиум, сулфур, хлор, бакар, цинк, манган, бариум, бор, хром, литиум, никел, сребро, титан, ванадиум, алуминиум, стронциум и силициум.
Поради јодот што го содржат, имаат нормализирачко дејство врз тироидната жлезда. Со други зборови – ако слабеете поради лошата работа на тироидната жлезда, со употреба на алгите ќе ја стабилизирате тежината. Исто е и ако се здебелувате поради лошата работа на тироидната жлезда, алгите ќе ви помогнат да ја намалите тежината.
Лекарите хомеопати ги користат алгите против дебелеење, лошо варење на храната и долготраен запек.