Дали Сојата е штетна за здравјето на мажите?

Сојата е здрав протеин кој ги содржи сите амино киселини кои се потребни за  одржавање   на мускулите на телото. Овие амино киселини не се создаваат во човечкиот организам. Сојата се смета за добра алтернатива на производи од животинско потекло.

 

Ефекти кај мажите:

Изофлавоните се многу слични на женскиот хормон естроген, кој се наоѓа во мала количини и кај мажите. Кога големи количини на соја се внесуваат тоа може да влијае на тестостерон. Кога нивото на тестостерон се намалува, има многу негативни ефекти врз мажите. Ова може да се одрази врз зголемување на телесната тежина, намалување на бројот на сперматозоидите, недостаток на сексуалниот нагон, и еректилна проблеми. Нивото на тестостерон кај мажите природно се намалува после 30 годишна возраст. Додека конзумирате големи количини на соја ,вашето ниво на тестестерон ке биде опаднато.

Сојата е богата со антиоксиданси, што е од корист за здраво живеење. Сојата помага при намалувањето на нивото на холестерол, поради високото ниво на омега-3 масни киселини, кој ги содржи сојата. Тоа исто така го намалувањето ризикот од рак на простатата, што се должи на големата количина антиоксиданси и изофлавони. Сојата исто така се смета за корисна во борбата против ракот, намалување на крвниот притисок и изградбата на коскеното ткиво.

 

Сојата не е само за жени. Само затоа што изофлавони се слични на естрогенот не значи дека соја не е здрава и корисна за мажи. Препорачливата доза за дневен внес на соја е 25 грама.

Сојата е корисна за здравјето на мажите кога се зема во умерени количини.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.