Многу луѓе не се доволно информирани за придобивките од чоколадното млеко. Сите студии се направени посебно само за млеко или чоколадо,а никогаш не беше направена студија за комбинацијата. Не беше направена се додека научниците не почнаа да истражуваат за придобивките од чоколадното млеко наспроти вода или Gatorade после тренингот.Иако не е сè познато за чоколадното млеко многумина луѓе од статиите заклучија дека во истражувањето е изведено проучување на содржината на чоколадното млеко.
Чоколадното млеко е докажано дека функционира како добар спортски напиток, особено, како Gatorade(изолитен спортски напиток) кој се консумира после вежбање. Делува најдобро за повторно хидрирање на телото и помага за обнова на мускулите кои се истоштуваат за време на тренингот. Неколку различни медицински студии се извршени врз придобивките на чоколадно млеко вклучувајќи го и истрашувањето на весникот за “спортска исхрана и вежбање на метаболизмот” во февруари 2008 година.
Многу списанија како што се Runner’s World and Fitness ги направиле статии за вклучување на придобивките од чоколадното млеко после вежбање. Врз основа на истражувањата направени од страна на Д-р Џоел Стагер кој спроведе истражување за велосипедисти кои пиеле Gatorade и чоколадно млеко по исцрпувањето на нивните мускули, покажува дека оние кои пиеле чоколадно млеко биле во можност да закрепне побрзо за разлика од тие што конзумирале Gatorade(изолитен спортски напиток).Чоколадно млеко е преполно со јаглехидрати и протеини, што на исцрпените мускули им е потребно за да се опорават. Додека тренирате за вашето тело е исклучително важна и редовната хидрација. Иако спортските пијалаци содржат одредена количина на вода, тие немаат природни протеини и јаглени хидрати, кои се наоѓаат во млекото. И со витамини А и Д плус калциум кој се обезбедени преку млекото, ни помага за зајакнување на коските и градењето на мускулите.
Во 2007 година британска студија покажа дека редовното пиење на млеко исто така, помага за враќање на нивото на течности на телото во нормала, после тренинзите во топлите временски периоди. Млекото ја има точната количина на јаглехидрати и протеини кои на телото му се потребни со цел да се опорават исцрпените мускули. Водата не е доволно значителна да ги обезбеди овие есенцијални хранливи материи и затоа многу спортски лекарите и нутриционисти препорачуваат чоколадно млеко како опоравувачки напиток покрај спортските пијалаоци или водата.
Високата количина на вода во чоколадното млеко е една од главните причини зошто е избран како редовен напиток за хидрација, поради дополнителната содржина од витамини и протеини кој беа изгубени преку потењето и за време на вежбањето. Чоколадното млеко, исто така, содржи мали количини на шеќер и натриум кој му овозможуваат на телото да се стабилизира побрзо, што им овозможува да ја задржи водата во организмот и да се добие нова енергија која е суштински процес за време на опоравувањето.
Водата не вклучува додадени витамини или минерали освен ако е посебно збогатена со овие супстанции. Енергетските спортски пијалоци од друга страна се одлични за да ги надополнат електролитите во телото.
Но, многу од овие спортски напитоци содржат големи количини на шеќер кој не се добри за телото после тренинг. Значи вистинската причина за да додадете чоколадно млеко во вашата исхрана се придобивките од хранливите материи кој припомагаат за побрзо закрепнување.