Природни начини за лекување на целулит

Згрутчените масти кои се складираат на колковите, задникот или бутовите, попознат како целулит, може да ја оштети вашата самодоверба. Овој проблем е по присутен кај жените, додека кај мажите кожата е подебела и поради тоа згрутчувањето на масните наслаги е очигледно помала. Хируршките решенија, како што  е липосукција, не секогаш  се лек  за целулитот, дури понекогаш може и да ја влоши состојбата. Пред да се одлучите за за овој хирушки захват, сметајте дека можете и на природен алтернативен начин да го подобрите изгледот на вашиот целулит.

Земете повеќе витамин Ц

Програмата на Др. Хауард Мурад која сужи за губење на целулит, испакнатини , дупчиња во образите и стри, препорачува вклучување на дополнително витамин Ц во исхраната за борба против складираните и згрутчени масти. Витаминот Ц  ја зајакнува површината на кожата и и дава поцврст изглед. Храна богата со витамин Ц : киви, портокали, грејпфрут, зелен зеленчук и јагоди.(избегнувајте сојни производи)

 

Вежбање

Целулитот се состои од масни клетки кој се прикачени на сврзното ткиво на телото. Иако целулитот ​​се појавува кај луѓето со прекумерна тежина и кај послаби поединци, губењето на тежината ги намалува масните клетки и може да помогне да се намали појавата на целулитот. Во прилог на губење на тежината, вежбањето има дополнителна корист во борбата против целулитот – тоа може да помогне да се намали нивото на естроген.

Според Деили Хедон, естрогенот придонесува за способноста на масните клетки “да се згрутчуваат, и еден час на вежбање секој ден може да помогне да се намали нивото на естроген. Ова, пак, може да помогне да се елиминира целулитот.

 

Пијте вода

Водата ја хидрира вашата кожа, и ја одржува да биде  еластична и здрава. Правилната На Универзитетот во Мериленд Медицинскиот центар забележува дека дехидрацијата, сепак, може да предизвика целулит, па дури и да ја влоши состојбата. Додека Кофеинските напитоци како кафето може дополнително да ја дехидрира кожата.

 

Стоп за пушењето

Пушењето внесува токсини во вашето тело кои ја оштетуваат кожата. Ова ја остава кожата потенки и ја влошува со појавувањето на целулитот. Откажувањето од пушење е од клучно значење во борбата против целулитот, бидејќи го спречува тенчењето на кожата што придонесува целулитот да биде по забележителен.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.