– Научете работите да ги прифаќате мирно, без страв.
– Немојте да ги негувате негативните чувства кон другите, а ниту кон себеси.
– Кога ќе се соочите со проблеми, насмевнувајте се со доверба.
Тој став на ментална рамнотежа е значаен фактор за добро здравје. Знаете ли дека од рак почесто заболуваат депресивните и лошо настроените луѓе. А од друга страна не е ни малку лесно да се најде мир во денешниот современ живот, полн со стрес, проблеми и напнатост. Затоа искористете ја секоја можност да се релаксирате посматрајќи ја природата.
Повремено подигнете го погледот кон небото.
Имајте верба во Творецот кој е над се што постои. Верата и надежта создаваат позитивна состојба на умот, што благотворно дејствува врз целиот организам. Позитивната состојба на умот и мирот во срцето пресудно влијаат и придонесуваат организмот природно и нормално да функционира.