Сакате да вежбате , да направите тренинг така што ќе одите на кеј да се истрчате или пак да возите ролери или точак(кардио тренинг),но сепак сте попречени заради високите и пеколни температури…
Времето нека не биде пречка за да се извежбате ,испотите и стопите калории.Наместо тропските временски услови да ја убијат вашата желба , ви препорачуваме да го направите кардио тренингот дома и тоа на интересен начин.
Обезбедете го просторот и пуштете онаква музика која би ве натерала да играте.Тоа може да биде ориентална , хип-хоп ,латино итн , но секако изборот е ваш.
За време од 1 час играње се губат од 550 до 600 калории шти е еднакво на 35 мин возење со точак или 30мин активно трчање.Покрај тоа што ќе изгубите калории,ви гарантираме и добра медитација-нема да мислите на ништо друго,туку ќе уживате во сегашниот момент.
Голем број музички и филмски имиња како Шакира,Бијонсе,Киара, Џастин Тимберлејк,Антонио Бандерас и други,го препорачуваат играњето како најдобар и најинтересен начин за топење маснотии , а секако и како главен виновник за нивното добро обликувано тело.
Затоа додека надвор е топло и невозможно за добар тренинг,не губете време во очајување,пуштете го вашиот уред за разладување и секако добра музика и започнете со играње.
За оние кои што сметаат дека неможат да играат,поготово припадниците на машкиот пол,им препорачуваме –трчање во место.