Сте се запрашале ли некогаш дали боите може да имаат некакво влијание врз вашето расположение…?
Бојата ја доживуваме со помош на сетилата – органите за вид односно очите. Секоја боја е посебна нијанса,посебна нијанса на енергијата.Многумина забележуваат дека бојата влијае на расположението и чувствата.
Чистите природни бои имаат смирувачки и исцелувачки својства.Затоа многумина сакаат да гледаат во синото море , во зелените лисја.
Од бојата зависи нашето расположение.Затоа ја сакаме облеката со светли и топли бои , но и станбениот простор да го уредиме со убави бои.
Не можеме да се излекуваме само со една боја,бидејќи и бојата е исцелувачка енергија.
Боите влијаат различно кај секој човек.За да знаете како влијае врз вас одредена боја , треба да направите медитација со боите(медитацијата со боите се прави преку визуализација на истите).