Тренингот со невообичаени и чудни реквизити стана популарна во последните неколку години, како средство за развивање на општите силовити квалитети за фитнес ентузијастите и спортистите.
Невообичаени и чудни реквизити
– Буре полно со вода или песок
– Пилатес топка полна со вода
– Широки и тешки јажиња
– Метални ланци итн.
– Голем чекан и тракторска гума
Дефиниција за невообичаени и чудни реквизити
Невообичаените и чудни реквизити може да се дефинира како не ригидни, чив центар на тежина не е фиксна и е менлива.
Адаптација на тренинг со невообичаени и чудни реквизити
Кога се изведувате вообичаени вежби за сила, како што се чучњеви, мртво поткревање или бенч, правецот на движењето е фиксно и товарот дејствува само во една рамнина. Невообичаените и чудни реквизити обезбедуваат надополнување што предизвикува промени и приспособувања во текот на правецот на движењето, каде обезбедува едена посеопфатена адаптација.
За пример, ќе земеме песочна торба. Ако песочната торба е 50 кг и ја кренеме високо над глава, оптоварувањето нема да биде рамномерно по 25 кг на секоја рака – (како што е фиксно оптоварувањето при кревање на класични тегови). Песокот во песочната торба се претекува од едната кон другата страна како што се притиска и во кој било момент во времето, секоја рака има различно оптоварување. Во првото кревање, со левата рака може да кренете 35 кг а со десната рака да се крене само 15 кг. Во второто кревање со левата рака може да кренете 30 а со десната рака да се крене само 20 кг. И така натаму …
Некој го именуваат овој вид на тренинг како “правиот светски начин на тренинг”. Јас би се потпрел на овој термин како повеќе општ опис, но тоа не е апсолутно. Друг термин кој се среќава за овој вид на тренинг е “функционален тренинг”, но ова е уште подалеку од вистината.
Придобивки од тренирањето со невообичаени и чудни реквизити
– преносливост
– брзо приспособување
– разноврсност
– зголемена работна способност (општа физичка подготвеност)
– премостување на преминот од општа физичка подготовка до специална физичка подготовка