Покрај одењето боси по нерамен терен, еве и некои вежби кои ќе ви помогнат да ја зајакнете мускулатурата на стапалото, која индиректно влијае на неговата состојба.
– Фаќање на каменчиња со прстите на стапалата.
– Стапалата поставени паралелно на подлога и се изведува доближување на прстите кон пета.
– Одење на прсти.
– Одење на прсти на јаже.
– Топката се наоѓа на подлогата, со двете стапала се подига и држи топката.
– Во легната положба (со гумичка, јаже) двата ножни палци ги пофаќаме и се обидуваме да го скинеме јажето со одалечување на горниот ореден дел од стапалото.
– Со партнер, легнати на грб еден наспроти друг со мегусебно споени стапала се изведува туркање наименично.
– Со партнер, легнати на грб еден наспроти друг. Стапалата се споени и се имитира возење велосипед.
– Се подига некој предмет од подлогата со помош на прстите од стапалото.
– Од легната положба на грб и раце покрај тело се изведува подигнување на труп на пети од подлогата.
– Подигнување на прсти и повторно враќање во почетна положба .