Компјутерите, незаштитеноста од јаката сончева светлина и исхраната се дел од причините што голем број на луѓе страдаат од слаб или намален вид, како и други очни болести.
Риби од ладните води (сардини, лосос, туна, скуша)
Тие се одличен извор на DHA, кој обезбедува градбена подршка на клеточните мембрани. Се препорачува за суви очи, макуларна дегенерација и закочување на окото.
Спанаќ и др. зеленолистести зеленчуци
Овие растенија се богати со каретиноиди, особено лутеин и зексатин. Лутеинот е жолт пигмент кој ја штити макулата од сончеви осветлувања и од ултра виолетова светлина.
Јајца
Богати се со цистеин, сулфур, лецитин, амино-киселини и лутеин. Сулфурот креира соединенија за заштита на леќата од катаракта.
Лук и кромид
Исто така богати се со сулфур.
Соја
Низок процент на масти, богата во протеини, таа е број 1 вегетаријанска храна. Сојата содржи есенцијални масни киселини, фитоестрогени, витамин Е и природни против-воспалителни агенси.
Овошје и зеленчук
Содржат важни анти-оксиданси како витамин А, бетакаротен (провитамин А), витамин Ц и Е кои и тоа како го подобруваат и штитат здравјето на видот. Зелнчукот како морков и тиква имаа важна улога во гледањето на дневна светлина.
Боровинки и грозје
Содржат многу антоцијанити кои се многу важни за ноќното гледање. Рака полна боровинки треба да ја подобри адаптацијата на Вашето гледање во темнина за 30 минути.
Вино
Познато по своите заштитни ефекти врз срцето, исто така има многу важни состојки кои го штитат видот и ја подобруваат циркулацијата на крвта. Но сето ова во умерени количини.
Ореви и семиња
Едни од најконцентрираните содржајни храни што постојат. Изобилуваат со омега 3 кои го снижуваат хлестеролот и го намалуваат високиот притисок што предизвикува проблеми со видот.
Ладно-цедено маслиново масло
Составено само од монозаситени масни киселини, за дополнителна борба против холестеролот. Претставува одлична замена за путерот и маргаринот.