10 луди факти за човечкото тело

Човечкото тело е посложен систем одошто ние неможеме да го замислиме тоа. Полно е со комплицирани и интересни работи. Колку повеќе истражуваме, толку почудни работи дознаваме. Ги собравме 10-те најлуди факти   и се надеваме дека ќе се вчудоневидите откако ќе ги прочитате.

 

1. Бебињата имаат повеќе коски отколку што имаме ние. Кога бебето се раѓа тоа има 300 коски во телото. Како што расте доаѓа до 206 коски. Ова е така бидејќи помалите коски се спојуваат формирајќи една појака коска.

 

2. Освен ако не е запалена, човечката коса се распаѓа со мноооогу споро темпо. што скоро е невозможно да се ослободите од неа. Ако сте гледале некој документарец за мумиите во Египет, сте забележале дека мумиите немаат месо, туку имаат само коски. . . . . и да, се разбира коса.

Можеби изгледа чудно но косата не може да биде уништена од ладно, промена на климата и други природни сили, таа дури е отпорна на некои видови киселини и корозивни хемикалии.

 

3. Просечно срцето ќе чука 3000 милиони пати   (3000000000) за време на својот животен век и ќе испумпа 15 милиони литри крв. 15 милиони крвни зрнца се уништени во човечкото тело секоја секунда.

 

4. Должината на прстите диктираат колку брзо ќе Ви растат ноктите. Затоа ноктот на средниот прст расте најбрзо, а другите нокти растат двојно побавно.

 

5. За 30 минути, човечкото тело оддава доволно топлина за да може да зоврие 2 литра вода.

 

6. Машките тестиси произведуваат 10000000 сперматозоиди секој ден. Тоа е доволно да се пренасели целата планета за само 6 месеци.

 

7. Стомачната дигестивна киселина е доволно силна за да го разложи дури и цинкот. За среќа клетките во стомакот успеваат да се обноват побрзо одошто киселината може да ги уништи.

 

8. Човечката коска е силна исто колку и гранитот кога станува збор за издржување на тежина. Една коцка од коска со големина на кутија од кибрит може да издржи 9 тони (9000 кг), а тоа е 4 пати повеќе од тоа што може бетонот да го издржи.

 

9. Кога спиеме, ние растеме 8 милиметри секоја вечер. Следниот ден се смалуваме повторно во претходната висина. Причината е што рскавичните дискови се стиснати како сунѓери од страна на гравитацијата додека стоиме или седиме.

 

10. Просечниот човек ќе смени 40 кг. кожа за време на својот живот. За 1 година 98% од атомите во нашето тело се целосно заменети со нови. Површината на човечката кожа изнесува 2 метри квадратни.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.