Наместо да јадете салати за да ги внесете важните хранливи состојки кои се неопходни за функцијата на вашиот организам, а се наоѓаат во зелениот зеленчук, едноставно можете да ги претворите во вкусни пијалоци.
Зелените пијалаци имаат многу предности, можете да конзумирате многу видови на зеленчук одеднаш,и одлични се за луѓето од сите возрасти, вклучувајќи ги и децата, кои инаку би можеле да одбиат да јадат зеленчук.
Бленданата храна обично се прави со мешање на зелен зеленчук, како што се спанаќ, алги, кељот и брокулата, со свежо овошје.
10 придобивки од зеленa блендана храна
– Содржи разновидни хранливи состојки
– Лесно е сварлива (за дигестивниот систем)
– Богата е со растителни влакна
– Фкусна е
– Има богат извор на хлорофил
– Одзема помалку од 5 мин за да се подготви
– Децата го обожаваат
– Внесувате помалку масло и сол во вашата исхрана
– Одлично го заменува десертот
– Може да стои во фрижидер и до 3 дена
Зелените пијалаци не содржат заситени масти и рафинирани брашна, кои можат да доведат до дебелеење и заболување на срцето.