80-10-10 ДИЕТА

Диетата 80-10-10 е план за исхрана кој се фокусира на консумирање на сурова храна и јагленохидрати. Овој начин на исхрана е промовиранa од Д-р. Даглас Греам со цел да ги зголеми атлетските перформанси на неговите пациенти. Овој начин на исхрана може да биде идеален за активните луѓе поради високиот процент на јаглехидрати.


Во овој начин на исхрана се бара од вас да јадете храна која содржи 80 проценти комплексни јагленохидрати, 10 отсто маснотии и 10 отсто белковини. Во оваа исхрана  80/10/10, ви е дозволено да јадете неограничен број на моно оброци од свежо овошје и зеленчук. Сепак, треба да јадете огромни количества од оваа храна, за да го одржите вашиот внес на калории на повисоко ниво. Ова значи дека, на пример, за појадок може дневно да консумираш  диња 2кг или 0,5 кг  банани. Исто така треба да јадете најмалку 0,5 кг на лиснат зеленчук секој ден.

Оваа исхрана може да го намали крвниот притисокк и холестеролот и да го намали ризикот од срцеви заболувања.

 

Кој треба да ја користи оваа исхрана?

       Тркачите или спортистите кои имаат висока потрошувачка на енергија и кои тренираат спортови за издржливост и со висок интензитет може да ја следат 80-10-10 исхраната. Поединци кои биле подложени на хирушка интервенција на жолчното кесе и луѓе кои треба да следат исхрана со малку маснотии, исто така, може да ја следат оваа диета. Ако имате шеќерна болест, сепак, бидете сигурни и исконсултирајте се со некој диететичар или лекар пред да ја започнете  80-10-10 диетата, затоа што високата содржина на  јаглехидрати може да предизвика екстремна хипергликемија, или висок крвен шеќер.

       Во оваа исхрана калориите треба  да бидат 80 отсто од храна богата со јаглехидрати. Оригиналната верзија на 80/10/10 исхраната им препорачува на корисниците  да консумираат јаглехидрати само од овошје и зеленчук. Дури и кога ќе го смените начинот на исхрана и ќе вклучите житарици  како што се овес и кафеав ориз, се уште треба да се јадете што е можно повеќезаланчук и овошје.

       Вашата исхрана треба да се состои од 10 проценти протеини и  10 отсто масна храна. Оревите, лешниците, бадемите и сите останати јаткести плодови ви овозможуваат да внесете доволна количина на масти и протеини. Други иавори а масти се авокадо, маслиново масло и ленено семе. Можете да вклучите и посно месо како на пример риба и бело пилешко, но месото не е вклучена во оригиналната верзија на исхраната.

Заедно со оваа исхрана 80-10-10, се препорачува  редовни секојдневни вежби. Ако не можете да се заложите за тоа најмалку 30 минути на аеробни вежби секој ден и три пати неделно тренинг за сила, нема да ја искористите целосна полза на исхраната.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.