Сите хранливи состојки во пченицата се наоѓаат во обвивката (триците) и во никулецот. Во белото брашно обвивката и никулецот се отстранети и тоа го содржи само средишниот дел од зрното, односно само скроб. Лебот направен од бело брашно не е корисен за нашето тело бидејќи создава многу осатоци во цревата и ја скиселува крвта. Колку е побело брашното, толку повеќе треба да се избегнува.
Житариците се богати со витамини, особено со витамин Б, особено корисен за правилна функција на нервниот систем, па затоа е важно да се јаде црн леб кој што го содржи целото зрно заедно со обвивката и никулецот. Црниот како и белиот леб треба да се јаде во ограничени количини.
Зошто да НЕ се јаде бел леб?
- – парче бел леб содржи само четврт-грам растителни влакна
- – во иднина може да предизвика срцев удар бидејќи вишокот хидро карбонат се претвора во масти, а потоа во холестерол кој се лепи за ѕидовите на аретериите
- – најхранливите делови обвивката и јадрото се отстрануваат со мелење
- – Белиот леб е храна богата со скроб, односно празни јаглехидрати
- – парче леб содржи 70 – 80 калории
Зошто да се јаде црн леб?
- – парче леб содржи 2 гр. растителни влакна, а некои лебови направени од различни видови зрна содржат и над 15 гр. влакна
- – богат е со природни влакна, витамини и минерали
- – темниот леб содржи неколку пати повеќе витамини и елементи во трагови, калциум, магнезиум и калиум отколку белиот леб
- – темниот леб го спречува дебелеењето и Ви дава чувство на ситост поради влакната што ги содржи
- – го намалува холестеролот поради растворливите влакна што се наоќаат во црното брашното