ШТО Е ЛАКТОЗНА ИНТОЛЕРАНЦИЈА?
Обичното млеко го содржи млечниот шеќер лактоза. Лактаза е ензимот кој се произведува во стомакот и го раскинува лактозниот шеќер за да може да го апсорбира телото. Луѓето кои што имаат лактозна нетолеранција тоа значи дека нивното тело не произведува ензим лактаза, па така да тој организам неможе да ја дигестира лактозата. Симптоми за лактозна интолеранција се: гасови, подуеност во стомакот, диареа, звуци во стомакот и друго.
ДАЛИ СЕ РАЗЛИКУВА ПО СОСТАВОТ?
Безлактозното млеко воопшто не се разликува по составот во споредба до обичното млеко. Тоа ја содржи истата количина на калциум (120 мг на 100 мл), протеини, масти (освен кај обезмастените), витамини и минерали. Разликата е тоа што се додава ензимот лактаза за да се разложи лактозата како дисахарид во 2 моносахариди.
РАЗЛИКА ВО ВКУСОТ
Безлактозното млеко за разлика од обичното кравјо млеко има посладок вкус. Причината за ова е тоа што шеќерот лактоза е раскинат во два попрости шеќери, галактоза и глукоза. Простите шеќери се секогаш поблаги за разлика од сложените.
ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ
Пиењето безлактозно млеко може да спречи симптомите кои се јавуваат откако ќе се напиете обично млеко. Горе споменатите симтоми најчесто започнуваат 30 минути по конзумирањето на млекото и траат до 2 часа. Нетолерантноста кон лактозата се зголемува како што стареете. Лактозната нетолеранција не предизвикува сериозни болести и нема долгорочни негативни ефекти.