Секоја состојба на свеста што ја доживуваме е резултат на делување на една или повеќе мождани бранови: бета, алфа, тета и делта.
Вештината на управување со умот представува бивање во состојба во која сакаме да бидеме, кога сакаме да бидеме, знаењето за тоа што да чиниме со таа состојба и способноста на постигнување на сето ова.
Сето ова значи ИСПРАВНО ДЕЛУВАЊЕ. Да се биде посветен на исправно делување, значи да се поседува интегритет кој представува темел на содржината на управувањето. Вештината на управување има најмалку седум основни принципи: Сочуство, Неврзаност, Неосудување, Јасност, Служење, Љубов.
Комбинираната фреквенција на можданите бранови го чини темелот на управувањето на умот и тоа е можно да се научи.
Една од тие можности е МЕДИТАЦИЈАТА.
Медитација е состојба на свеста, специфичен образец на можданите бранови, таа никако не е некаква техника. Преку техниките ѓи балансираме фреквенциите кои се потребни за да владееме со умот.
Постојат медитации за освестување и балансирање на овие мождани бранови: бета, алфа,тета и делта…….
-Делта бранови
Делта ни дава несвесна интуиција и увид, таа е најниска и најспора фреквенција, таа е несвесниот ум. Делта е присутна и кога сите друѓи фреквенции се исклучени во сонот, ни дава длабок и окрепнувачки сон.Таа делува како радар, несвесен алат за скенирање кој е во темелот на нашата интуиција и инстиктивно реагирање. Овозможува чувство на внатрешно спознавање што доведува до длабоки нивоа на психичка способност. Тие не ориентираат исто така во времето и просторот. Може преку нив да добиваме информација за присутна опасност, информации кои не се достапни на свесно ниво. Тие се исто така поврзани со колективно несвесното. Таа може да не поврзе со универзалното знаење, не води кон космичката свест. Големите источни мајстори и воопшто луѓе кои практицираат духовни боречки вештини и луѓе кои работат медитации се најмногу под влијание на оваа Делта вибрација.
Но, претерана застапеност на Делта вибрации, без комбинација на останатите Бета, Алфа, Тета, може да створи проблем.
Делта медитација:
Оваа медитација има за цел да ѓи истражи вашите граници на интуицијата и несвесното
Медитација Балон
Седнете удобно и затворете ѓи очите.
Одвоите неколку минути за урамнотежување, опуштање на телото и умот.
Започнете така што ке се змислите себе си како седите сами во еден балон.
Го чувствувате балонот насекаде околу вас, вие сте во средиштето.
Овој балон представете си го како вашата свест, за се што сте свесни.
Сега замислете се во друг поголем балон, колку вашата соба.
Овој балон ја представува вашата подсвест, се што е содржано во неа.
Осетете го околу себе, чувствувајте го.
Сега замислете се во уште поголем балон, колку една зграда.
Овој балон го представува Вашето Несвесно, се што некогаш било, сега е надвор од вас, но можете да се присетите, имате моќ. Вашето Несвесно.
Сега вратете се назад во првиот балон и присетете се на него.
Почнете да го ширите овој балон, допуштете да влезе некој во него со Вас и посматрајте.
Ширете и го понатаму, нека влегуваат во него се повеќе луѓе.
Посматрајте го чувството но не анализирајте, само чувство без мисли.
Ширете се и понатаму, во балонот нека влезат луѓе кои ѓи сакате.
Ширете се колку ви е потребно, до граница на Универзумот.
Сега полека почнувајте да го смалувате балонот и луѓето полека излегуваат од Вашиот простор.
Само посматрајте, без да анализирате.
На крајот повторно сте сами во средиштето балонот.
Останете неколку минути во ова чувство.
Запрашајте се кога Ви беше подобро, сами или со луѓето, во помал или во поголем балон?!
Зошто?
Кога имате проблем со некоја особа, ставете ја во балонот и бидете со неа додека не исчезне чувството на нелагодност.