Чајот има само 0 калории!

Најновите истражувања покажуваат дека повеќето од нас конзумираат околу 300, па дури и повеќе калории преку напитоци засладени со шеќер. Во тие напитоци влегуваа газираните и "густите природни" сокови, спортските напитоци, енергетските напитоци. Овие празни калории го зголемуваат ризикот од прекумерна тежина и дијабетис (шеќерна болест).

Внесувањето на 300 екстра калории дневно, доведува до зголемување на 1 кг тежина составена од масти за само 25 дена, за една година можете да се здебелите и до 14 килограми, а каде се тука слатките и другата масна храна?

 

За правилно функционирање на организмот, дневно мораме да внесуваме околу 2 литра течности, по можност вода. Некои од нас едноставно неможат да пијат само вода, па затоа има други напитоци кои се бројат како вода. Пиењето вода допринесува и до намалување на чуството на глад.

ЧАЈОТ ИМА САМО 0 КАЛОРИИ, а ние Ви препорачуваме доколку не го обожавате "досадниот" вкус на водата. Освен тоа, разните чаеви имаат многу корисни придобики за Вашиот организам. Доколку го засладите со мед и лимон, ќе добиете незначителни калории и екстра здравствени придобивки. Чајот е одличен кога применувате разни диети.

 

Можете да сварите во метален сад 2 литра вода и да додадете 4-5 кесички чај, а притоа префрлете  го чајот во шише и нека Ви биде при рака во текот на целиот ден. Так Вие ќе бидете соодветно хидратирани и постојано ќе го детоксицирате организмот.

Дајте му здравје на организмот без дополнителни калории.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.