Овој мит одвраќа многу жени од ваков тип на тренинг, а она што го одредува обликот и големината на мускулите во голема мера зависи и од генетските фактори. Девојките не можат така лесно да добијат мускули бидејќи за да го постигнат тоа потребен е тестостерон, а неговото ниво кај жените значително е намалено за разлика од машките.
Напротив тренингот со тегови е важен дел од секој план за вежбање. Додека аеробните вежби помагаат на срцето и белите дробови а изтегнувањето ја подобрува флексибилноста, тренингот со тегови ја подобрува силата и издржливоста, а комбинација од сите три тренинга на вежби прави оптимален план.
Она што може да се случи кога кревате тегови е да добиете на телесна тежина, бидејќи се менува составот на телото, односно се губи масно , а се добива мускулно ткиво, што е добро. Мускулите зафаќаат помалку простор отколку масното ткиво, а се потешки бидејќи се погусти, па често се случува девојките да си го намалат обемот, покрај тоа што ќе го забрзаат метаболизмот, телото ќе им согорува повеќе калории после тренинг, ќе го намалат ризикот од остеопороза, ќе можат да си го оформат своето тело и најбрзо да ги корегираат своите недостатоци.