Дали си го саботирате спиењето?

Еве неколку трикови како убаво да спиете иако сте под стрес.

Победете ја меланхолијата пред спиење – направете план

Не работете во кревет па дури ни во спалната. Местењето на перниците и чаршафите во вид на работна маса Ви создава потешкотии да го видите креветот како место за одмор. И дефинитивно, пред спиење, тргнете го лаптопот, мобилниот телефон и секоја друга технологија. Вештачката светлина која произлегува од уредите може да влијае врз природниот процес на спиење на телото

Легнете си во нормално време (и тоа нека Ви стане навика). Особено кога сме преокупирани од работата, ни изгледа како предизвик да останеме ноќта и да го привршиме проектот. Но по работењето цела ноќ, ќе Ви биде потешко да се фокусирате утре дента. И константното останување до изгрејсонце може да влијае на способноста на учење и доведува до високо ниво на вознемиреност. Ова е нешто за кое и би требало да се загрижите. Држете се до регуларното време за легнување и работите ќе Ви изгледаат подобро наредното утро.

Опуштете се.  Многу е важно да имате време да се опуштите откако ќе го изгаснете компјутерот и пред да се пикнете под прекривката. Пробајте со топол туш или пиење на некој чај од тревки. Доколку Ве мачат некои проблеми, запишете ги во нотес. Или опуштете се со некоја тивка музика, од типот на Ениа (Enya) или класична музика.

 

Преспијте преку ден. Доколку стресот не Ви дозволува да спиете убаво ноќе, пробајте да го надополните тоа преку ден. 10 до 20 минути би требало да бидат доволни за да се чувствувате освежени и по внимателни. Само внимавајте да преспивате попладне, за да бидете во можност да спиете ноќе.  

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.