Дали треба да тренирате и додека имате повреда

Ова зависи од сериозноста на повредата. Ако имате повреда на  р’бетот, главата или хирушки зафат на внатрешните органи на пример, вашиот доктор треба да утврди кога ќе можете повторно да продолжите со тренинг. Меѓутоа, ако е тоа мала повреда (истегнати лигаменти, воспалени зглобови или нешто од тој карактер), можете да работите на вашиот тренинг околу повредата. Едноставно направете мала модификација на вашата тренажна програма, направете тренинг со понизок итензитет. Ако имате повреда на долниот  дел од телото, едноставно направете тренинг за горниот дел од телото. Доколку го вежбате повредениот мускул или повредениот зглоб, направете го тоа внимателно со поспори движења и полесен отпор.


Повредата може да влијае и емотивно, а со тоа и да ве демотивира. При процесот на тренирање се ослободува ендорфин, кој ќе го задржи вашето расположение и ќе ви помогне повторно да бидете  мотивирани (Нашето тело е дизајнирано да се движи). Па дури и ако не може да го тренирате повредениот мускул или зглоб, едноставно направете било каков тренинг кои нема да има допирна точка со вашата повреда. Тоа ќе ви помогне многу повеќе отколку да лежите и да чекате повредата да заздрави. Бидете паметни и истрајни, тренирајте  со полесен интензитет, тоа ќе ви помогне да закрепнете за пократок временски период.

Пливањето е одлична терапија за  рехабилитација за лица кои заздравуваат од повреди.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.