Дебелината не е болест, таа може да биде свесен или несвесен чин. Многумина мислат дека се дебели затоа што се родиле така и дека тоа е генетски определено, но тоа не е точно. Дебелината настанува поради недоволна физичка активност и користење на брза и нездрава исхрана.
Дебелината го зголемува ризикот за развој на сериозни здравствени проблеми. Таа може да предизвика големи проблеми во менталното здравје, како и ниско самопочитување. Ако детето се бори со дебелината, постои голема можност социјалните и менталните ефекти да го прогонуваат низ целиот свој живот.
Седентарен начин на живот
Ако имате недостаток на физичка активност во вашето секојдневие, тогаш имате зголемен ризик од стекнување на вишок телесна тежина и тогаш станувате дебели. Дебелината го зголемува ризикот за развој на коронарно срцево заболување, висок крвен притисок, дијабетес, рак на дебелото црево и многу повеќе. Седечките активности, како што се гледање телевизија, седење пред компјутер, играње видео игри, ги зголемуваат вашите шанси за прејадување и стекнување на вишок килограми.
Општествении притисоци
Избегнувањето на нездравата исхрана може да биде тешко поради нездравата околина. Храната во рестораните и кафаните најчесто е пообилна отколку што се препорачува. Јадењето здрава исхрана, која бара време и внимание, може да биде отежнато ако вашиот работен распоред се состои од повеќе ов 9 работни часови на ден. Бидејки тоа не исцрпува физички.
Ефекти врз физичкото здравје
Ако сте дебели, можеби ќе се борите со болки во грбот, болки во зглобовите и гушење при спиење. Дебелината исто така ве става на ризик од сериозни здравствени проблеми, како што се срцев удар, висок крвен притисок, атеросклероза, рак, дијабетес, метаболен синдром, мобилно оштетување, остеоартритис и мозочен удар – и многу други. Дебелината предизвикува до 300.000 прерани смртни случаи секоја година во САД .
Ефекти врз менталното здравје
Ниското самопочитување, депресијата и анксиозноста се најчестите ментални заболувања кај дебелите луѓе,. Кога сте сериозно дебели, вие имате три до четири пати поголема веројатност да имате симптоми на анксиозност и депресија.