ДЕКСТРОЗА – најбрз извор на енергија

Декстрозата спаѓа во групата на јаглехидратите, кои се најважни во споредба со протеините и мастите. Таа е најважниот "прост шеќер" и е попозната како "гроздов шеќер", односно "гликоза".

Се наоѓа во сите благи овошја и во медот. Може да се добие и од некои скробни растенија како пченката, која треба да се подели на своите основни компоненти со помош на ензими.

 

ЗОШТО ДЕКСТРОЗАТА ДАВА ТОЛКУ БРЗА ЕНЕРГИЈА?

Кога јадеме декстроза, таа не треба да се обработи, односно дигестира, тука таа оди дирекно во крвта, а тоа ја прави најбрзиот јаглехидрат. Таа е идентична со шеќерот во крвта кој се произведува во нашите тела. Потоа преку крвта се пренесува до сите органи и клетки, вклучувајќи го и мозокот. Тоа ја прави инстат енергија за телото.

ЗОШТО Е ТОЛКУ ВАЖНА ЗА ЧОВЕКОТ?

Човековото тело ги покрива своите основни потреби со декстроза. Таа енергија е потребна за мозокот на функционира, мускулите да може да се движат, одржување на работата на срцето, дигестивниот трак, дишењето и за произведување топлина.

 

ЗОШТО ДЕКСТРОЗАТА Е ВАЖНА ЗА МОЗОКОТ?

Мозокот е најважниот орган – тој е централна команда на целото тело, како и нашите ментални способности. Тежи само 2% од тежината на телото, а троши 20% од енергијата. За возрасен мозок се потребни 120 – 140 гр. декстроза дневно. Неговиот апетит е голем. За да може тој да работи оптимално и концетрирано, мора да биде снабдено со постојано и доволно количество на декстроза. Воедно декстрозата е единственото нешто што нашиот мозок го користи како енергија!

 

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.