Има такви кои се палат на голем бицепс, други на убави очи, но девојките навистина ги пали стегнато машко газе. Многуте анкети и истражувања што се спроведени последниве неколку години содржат факти каде што жените отворено зборуваат за тоа колку го сакаат овој машки дел и асоцијацијата на секс кога ќе го погледнат или фатат.
Не се сега само девојките, туку и машките се "загрозени" за прашањето околу задникот.
Но задникот не е место само каде што можат да Ве плеснат или бакнат, ако не забележавте, тоа е местото каде што Вашите нозе се закачени за остатокот од телото.
Како за мажите, така и за девојките, доколку го третирате задникот (gluteus maximus) правилно, ќе добиете експлозивна сила во спортовите што се како кошарката и скијањето, а да не зборуваме за спортовите со скокови.
Вежбите за задникот ќе Ви помогнат како естетски, така и физички.