Диетални палачинки

Состојки за 10 палачинки:

 

  • – 10 лажици интегрално брашно
  •  1 цело јајце (поради аминокиселините)
  • – 5 белки
  •  1 ванилин шеќер
  •  250 мл. млеко со ниска масленост  или газирана минерална вода
  •  1 лажица какао или 1 дозерка Whey протеин од чоколадо

 

 

Сите состојки се ставаат во еден длабок сад и се матат со миксер 2-3 минути, а по потреба се додава млекото. Но палачинките мора да се наполнат со нешто внатре, затоа ќе Ви го предложиме следниот рецепт за филот:

 

  • – 2 јаболки со средна големина
  •  3 мали лажици мед
  •  цимет

 

Јаболките се рендаат или се сецкаат на ситни коцки и се ставаат во сад каде што се додава медот и се меша смесата, за на крај да се додаде циметот по сопствена мера. Користете тефлонско тавче, за да не употребувате масло. Се надеваме дека ќе Ви се допадне рецептот и дека ќе го вклучите во Вашата диета.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.