Новинарот за наука Гери Таубе, е автор на книгата "Добар калории, лоши калории", кој разгледал илјадници студии и интервјуирал стотици доктори и истражувачи за да дојде до храбар заклучок дека јаглехидратските калории дебелеат повеќе од масните и протеинските калории.
ЛОШИ КАЛОРИИ
Според Таубе, јаглехидратските калории – особено рафинираните јаглехидратски калории – се главно одговорни за зголемување на телесната тежина и срцевите заболувања. Тој сугерира дека конзумирањето на јаглехидрати, како што се преработен бел леб, шеќер и тестенини, се предизвикувачи на прекумерното производство на инсулин, кој ги претвора вишокот на калории директно во масти и предизвикувазавист од јаглехидрати.
ДОБРИ КАЛОРИИ
Таубе тврди дека протеинските и масните калории не предизвикуваат пораст на инсулин, па не дозволуваат, не така лесно да се доведе до акумулација на телесните масти. За Таубе, добрите калории се наоќаат во високо протеинска храна, како што е посно месо, риба, живина, јајца, сирење и ореви; и зеленчук и овошје со ниско ниво на фруктоза како што се авокадо, печурки, пиперки, зелен зеленчук, домати, дињи, јагоди и грејпфрут .