Едноминутен Интервален тренинг

Ако 30 минути, континуирана кардио активност е премногу напорно за вас или не можете да се заложите за временската рамка, тогаш 20-минутниот  тренинг кој се состои од една минута интервал проследено со една минута пауза е ефикасен метод за подобрување на вашата целокупно здравје и вашето фитнес ниво.

Започнете со една минута интервал со висок интензитет 90% од башето максимално оптоварување, а потоа направете една минута одмор, но не со седење. Направете 10 повторувања на едноминутнен интервал со една минута паузи помеѓу.

  Целиот тренингот ќе ви одземе само 20 минути, но истражувачите откриле дека дури и оваа мала сума на вежбање ќе помогне да се зголеми енергијата и производството на кислород, како и регулирање на шеќерот во крвта.

 

Предлог на вежби која можета да ја искористите за Едноминутниот Интервален тренинг:

 

– Скокајте на јаже најбрзо што можете или за да направите да биде потешко, скокајте една минута на една нога, но не заборавајте следната минута да скокате на другата нога.

 

– Користете го Елиптичниот велосипед во салата, но не го подесувајте на премногу тешка брзина.

 

– Забавувајте се со вашите блиски, направете битка помеѓу вас со влечење на јаже. Влечењето на јаже е одличен начин кој го вклучува целото ваше тело.

 

– Најдете широк простот и започнете со разни потскоци, од лево кон десно или од напред кон назад.

 

– Трчајте една минута на блага наугорница, потоа направете една минута активна пауза со лесно пешачење.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.