Еден тип по име Adam Bornstein, се сетил да направи експеримент со јадење по 3 јајца дневно. Човекот тврди дека се осеќал здравствено доста подобро, а во однос на вежбањето имал повеќе сила од предходно.
Јајцата се лесно достапни, нивната цена е прифатлива за секого, лесно се приготвуваат, па поради овие причини еве го во целост објаснувањето за овој експеримент.
Јадете по 3 јајца дневно, препорачливо е да се јадат во ист период од денот, но доколку вашиот распоред не го дозволува тоа, не е ништо страшно, важно е јајцата да се конзумираат.
На вашиот дневен тренинг би се чувствувале доста посвежо. Немојте да очекувате дека ќе имате супер енергија, туку само ќе се осечате посвежо и во одредена доза посилно.
Во време на овој експеримент Adam Bornstein вели дека спиел помалку од вообичаено, а неговите кревања во теретана биле се подобри.
Објаснувањето за ова подобрување тој го наоѓа во составот на јајцето.
Познато е дека јајцата содржат протеин. Жолчката од јајцето содржи солидна доза на леуцин – органско соединение кое му помага на мускулот да расте.
Јајцата исто така содржат високо квалитетни заситени масти. Овие масти имаа својство да го зголемуваат нивото на тестостерон, кој пак помага во закрепнувањето на мускуот и ја поттикнува неговата сила.
Покрај другото овие хранливи материи ја регулираат работата на мозокот, нервниот систем и кардиоваскуларниот систем.
Јајацата содржат солидно ниво на амино киселина – триптофан, природен стимулатор на серотонин, а серотонинот пак го стимулира доброто расположение.
Во секој случај со примена на овој експеримент неможе да загубите ништо, може само да добиете.