Чајот од еукалиптус се прави од листовите на дрвото еукалиптус, потекнува од Австралија и во тој регион е познато како “Дрво против Треска” поради своите лековити својства. Во Германија има стандардизиран еукалиптус чај кој широко се препорачува како третман за бронхитис и болки во грлото. Пиењето само една чашка чај од еукалиптус е одлична стратегија за борба против вашата сезонска настинка и грип. Консултирате со вашиот лекар пред да се одлучите да започнее да пиете чај од еукалиптус,затоа што може да има несакани ефекти во комбинацја со некои лекови.
Пиењето чај од еукалиптус во текот на денот може да помогне во намалување на крвниот шеќер. Затоа еукалиптусот е одличен диететски додаток за оние кои се обидуваат да ја намалат нивната килажа и оние кој страдаат од дијабетес.
Листовите од дрвото еукалиптус, содржат анти-воспалителни својства кои можат да бидат применливи за оние кои страдаат од астм.
Екстрактите од масло од еукалиптус исто така имаат анти бактериски својства при што одлично го инхибираат растот на трите потенцијално деструктивни бактерии Staphylococcus aureus, причината за стрептокок на грлото; Escherichia coli, попознат како E. coli и Candida albicans, причинител за габични инфекции. ОД Универзитетот – Медицинскиот центар во Мериленд препорачуваат до три чаши чај дневно за возрасни. А пријатно пропратен ефект на овој чај е тоа што, исто така, ги убива бактериите кои предизвикуваат лош здив.