Герентологија

Возраста после 65 години за жени и после 70 години за мажи е наречена герентологија што значи наука за староста, или наука за стареење на човекот. Герентологијата можеме да ја поделиме на две категории:

– Прва фаза во која моторичките способности и за двата пола покажуваат интензивен пад. Во оваа фаза влегуваат сите лица до 80 годишна возраст. Во оваа фаза од стареењето човечкиот организам е многу погоден за извршување на различни работни задачи од областа на селското стопанство и сточарство. Погрешно е кога таквите лица се упатуваат на пасивно мирување, со тоа нагло се влошуваат сите моторичко-функционални способности па се јавува и голем проблем со волуменот и масата.

– Во Втората фаза спаѓаат сителица кои навршиле 80 годишна возраст и се нарекува уште длабока старост. Функционалноста на организмот  во длабоката старост зависи многу од првата фаза, доколку првата фаза се помине активно, а не во пасивно мирување, тогаш функцијата на моторните функции ке биде на многу поголемо ниво.

 Затао во овиие фази се препорачува групно вежбање во мали групи, каде пред се ќе се изведуваат вежби за  општа кондиција и флексибилост.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.