Храна добра за мозокот

Оваа храна нема да ве направи генијалци, но сепак оваа храна е најдобра за вашиот мозок.

1. Омега-3 масни киселини, ( главен извор риби, особено сардини) имаат поволни ефекти врз здравјето, но новите истражувања покажуваат дека тие дури и помагаат во изградбата на сивата материја на мозокот. Во една студија, здрави возрасни испитаници, кои јаделе воглавно храна богата со омега-3 масни киселини имале повеќе сива материја во однос на почетокот на студијата во три региони од мозокот, (региони одговорни за расположението). Одредувањето на зголемувањето во маса на сивата материја во студијата било следено со Магнетна Резонанца. Како омега-3 масните киселини му помагаат на мозокот? Истражувачите сеуште ја бараат поврзаноста, но досега се знае следново: една од групата омега-3 масни киселини, DHA, е најзастапената полузаситена масна киселина во мозокот, и е важна за развојот и функцијата на мозокот..

2. Холин е супстанца која е дел од врските помеѓу секоја клетка во телото.

Истражувачите го испитувале ефектот на суплементи со холин врз меморијата на мајмуни неколку децении. Мајмуните кои имале многу холин во исхраната имале многу подобри резултати во сите тестови и на некој начин холинот ја намалил појавата на сенилност. Исто така некои студии изведени кај луѓе покажале дека земањето доволни количини холин кај возрасни луѓе ја подобрува меморијата. Најголем извор на холин се јајцата. Кај луѓе кои имаат проблеми со покачени вредности на холестерол,  млекото е одлична замена.

3. Анти-оксиданси во црна чоколада

Чаша топло какао го изострува мозокот. Студија изведено од нутриционисти покажа дека концентрацијата на анти-оксиданси е најголема во производи кои содржат какао, потоа во црвено вино и зелен чај. Секако претерување со какао и чоколади води неминовно кон здебелување-така да внимавајте на количините.  Од друга страна, малините, спанаќот се исто така богати со анти-оксиданси, а имаат многу помалку калории.

4. Храна која штити од Паркинсонова и Алцхајмерова болест

Веројатно знаете дека фолната киселина (витамин Б12)е важна во текот на бременоста за правилен развој на бебето-но на возрасните им треба исто така. Една голема студија изведена во Холандија, во тек на три години, кај луѓе на возраст од 50-70 години, кои земале суплементи со фолна киселина имале подобри когнитивни способности (способност за размислување и памтење).Од друга страна, еден од главните проблеми на хроничниот алкохолизам е намалувањето на количините на фолната киселина, една од главните причини за невролошките растројства кај хроничните алкохоличари.

5. Рибизлите го намалуваат оштетувањето на мозочните клетки по мозочен удар

Во лабораториски испитувања, научниците откриле дека мајмуните изложени на мозочен удар и на кои им било даван екстракт од рибизли имале речиси двојно помало оштетување од групата на која не и било давано сок од рибизли.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.