Моралноста на вашите деца не може лесно да се подигне, доколку не сте грижливи во изборот на нивната храна. Многу мајки поставуват трпеза, која е стапица за нејзиното семејство. Месната храна, путерот и сирењето, богатите колачи, зачинатите јадења и зачините, обилно ги користат и старите и младите. Сето тоа го пореметува желудникот, ги надразнува нервите и го слабее умот. Храната подготвена со животинска маст е тешка за варење.
Зачините најпрво ја надразнуваат нежната слузокожа на желудникот, и на крајот ја разоруваат природната чувствителност на оваа нежна мембрана. Крвта станува трескавична, животинските склоности се разбудени, додека моралната и умствената сила слабее и станува слуга на страстите. Мајакта треба да научи на своето семејство да му поставува едноставна, но здрава храна од голема хранлива вредност