Храна со комплетен есенцијален аминокиселински состав

Храната составена од аминокиселини е градбена состојка на протеините. Тоа значи дека е одговорна за силата, опоравокот и обновувањето на внатрешноста на телото. Вашето ткиво, клектки, ензими и мозокот, сите тие се составени од аминокиселини.

Ако ја изоставиме водата, аминокиселините учествуваат во градбата на телото со 75% и тие се витални за секоја човечка функција. Главна особина им е тоа што учествуваат во градењето на мускулите.

 

НЕМОЖЕТЕ ДА СКЛАДИРАТЕ АМИНОКИСЕЛИНИ

Телото може да го зачува вишокот на јаглехидрати и на протеини, претварајќи ги во масти за да ги употреби подоцна, но ова не е случај и со аминокиселините. Тие неможат да се заменат, затоа мора секојдневно да се внесуваат. Постојат околу 20 различни аминокиселини се градбени единки на предку 5000 различни протеини. Некои од нив телото сами ги создава, но некои мора да се внесат преку храната и тие се нарекуваат есенцијални аминокиселини.

Изолеуцин                                  Леуцин                                               Лизин

Метионин                                   Фенилаланин                                    Треонин

Трипофан                                    Валин                                                 Хистидин

 

НАЈДОБРАТА ХРАНА

Есенцијалните аминокиселини човекот неможе да ги создаде, па затоа мора да се внесат преку храната и тоа храна од животинско потекло.

Сите видови месо, риба, школки, јајца, млеко и млечните производи се најдобрите извори за градење квалитетна мускулна маса.

 

Строгите вегетаријанци и вегани имаа потешкотии во внесувањето на сите есенцијални аминокиселини. Повеќето вегетаријански протеински храни како на пр. гравот и семињата имаа дел од есенцијалните аминокиселини. Исклучок прави сојата која го има целиот комплетен спектар, но таа е штетна ако се конзумира секојдневно.

Решението вегетаријанците треба да го гледаат во комбинирањето на неколку вариетети на храната, како на пр. оризот и гравот да се внесуваат заедно. Со ова ќе можат да ги уживаат бенифициите на комплетните есенцијални аминокиселини. Исто така можете да размислите и за земање на аминокиселински суплемент.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.