Јадете Бадеми за подобар изглед

Бадемите се одличен извор на витамин Б, Е, магнезиум, фолна киселина, протеини и растителни влакна.

Бадемите содржат триптофан, амино киселина, која помага при развојот на мозокот. Содржината на фосфор во бадемите, исто така, помага во развивање на мозокот и мускулните ткива. Друга придобивка од бадемите е подобрување  на меморијата. Земете 5-6 бадеми во текот на ноќта или комбинирајте ги со млеко секое утро за да ја подобрите вашата меморија. Бадемите, исто така, можат да помогнат да се ослободите од стресот и да ги контролирате промените во расположението.

 

Јадењето околу 20 бадеми секојдневно може да го намали ЛДЛ (лошиот) холестерол. Доколку изедете дупло повеќе  бадеми дневно, тоа ќе го стопирате дебелеењето, и ќе ја  контролирате телесната тежина. Бадемовите растителни влакна ги блокираат некои од мастите кои ги содржат бадемите  и недозволуваат да бидат апсорбирани во човечкиот организам. Така да, уживајте во неколку грстови на ден!

 

 

 

 

Енергетски десерт со бадеми:

 

– 200 мл Јогурт

– 1 Банана

– 20 Бадеми

– 3 суп. лаж. Овесни снегулки

 

Ставете ги заедно сите закуски  во Блендер, 1 до 2 минути, и уживајте во убавиот вкус…..

 

 

 

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.