Феферонките потекнуваат од Мексико, а се одгледуваат речиси насекаде низ сватот. Во Овие лути пиперчиња има голема содржина од алкалоидот капсаицин кој на пиперката и дава лут, остар вкус. Исто така овие плодови содржат масни и етерични масла, стероидни сепонини, витамин Ц, П, Б1, Б2 и акротин, фотонциди и обоени материи. Феферонките најчесто се употребуваат како зачин во сушена форма, но исто т ака и се консумираат и во зрела и свежа форма.
Овие плодови доколку се консумираат во мала количина, имаат лековити својства. Лутите пиперки се користат за поттикнување на апењтитот и за подобрување на варењето на храната во организмот. Лутите пиперчиња се одличен стимулатор и за крвотокот. Црвената пиперка е ефикасна и за "согорување" на токсините во дебелото црево.
Црвената пиперка во мали количини е полезна за старите лица , а источната мудрост вели: "Црвената пиперка го продолжува животот."