Периодот на блажена состојба кај секоја жена подразбира и идеално време за ЈОГА бидејќи во овој период Вие и Вашето бебе заслужувате најдобро. Благодетите и вежбите од ЈОГАТА кои најчесто се користат и како вежби во медицината се пренесуваат и на Вашето бебе. Таа не учи како да го почитуваме сопственото тело и промените кои се случуваат во текот на бременоста.
Јога вежбите за трудници се комбинации од вежби за истегање, асани положби, вежби за дишење и медитација кои ќе Ви овозможат стимулирање на репродуктивните органи, подобрена циркулација која доведува до проток на кислород и хранливи материи до Вашето бебе, како и емотивно, физичко и ментално јакнење преку чувство на безгранична Љубов, добро расположение и позитивни мисли. Преку јогата ќе се чувствувате прекрасно во сопствена кожа, полесно ќе се движите и дишите, ќе ја пробудите вашата скриена женска енергија и ќе инвестирате во себе и Вашето бебе на подолг временски период.
ТЕРМИНИ ЗА ЈОГА ТРУДНИЦИ: секој ВТОРНИК и ПЕТОК од 18:00 часот.
– Постојат можности за одржување на приватни часови.