Јога вежбите го зголемуваат протокот на крв во карличниот регион и ги зајакнуваат мускулите, што придонесува подобар и поинтезивен оргазам кој може да биде свесно насочен кон постигнување на состојба на неејакулација, односно насочување на ејакулацијата кон внатрешната физиолоѓија, со цел да ја зајакнеме нашата спиритуална сила.
Редовното практикување на јога го прави телото поатрактивно, кожата се затегнува, очите добиваат сјај всушност, процесот на стареење се намалува.
Сите овие ефекти доведуваат до поголема самодоверба и отвореност во интимни ситуации.
Стресот и секојденевните грижи се едни од најчестите причини поради кои партнерите го избегнуваат сексот. Јогата придонесува целосна релаксација и го интезивира чувството на сензации.
Вежбите за дишење го регулураат ендокриниот систем и го стимулираат производството на хормони кои влијаат на нивото на “Либидото”, односно се стимулира хормонот на Среќата-“Сератонинот”.
Оваа древна дисциплина го оплеменува целото наше битие, па така и Сексот.
Во зависност од техниките кои се применуваат, од видот на јогата, ние свесно даваме смерница во нашето напредување. Јогините кои работат Тантра јога (древна уметност на Љубовта) се луѓе кои сакаат да ја искористат својата сексуална енерѓија во креативна енерѓија. Би можело да сметаме дека таа има моќ на терапија. После вежбите се јавува чувство на виталност, разбуденост, додека после физичкиот секс, се има чувство на замор и поспаност.
Ефектот од вежбите кои го подобруваат сексот, исто така делуваат на целосно опоравување на организмот.
НАПРАВЕТЕ РЕВОЛУЦИЈА ВО ВАШИОТ ЖИВОТ:
Вежба 1
Вие и вашиот партнер направете неколку физички вежби на начин да се допираат Вашите тела!!
Вежба 2
Седнете еден спроти друг, затворете ѓи очите и чувствувајте го дишењето на партнерот!!
Вежба 3
Сега отворете ѓи очите и гледајте се, се додека не продрете во душата на Вашиот партнер!!
Вежба 4
Ставете ја Вашата десна рака на Срцето на Вашиот партнер и тој неговата десна рака на Вашето Срце!!
Вежба 5
Кажете и на душата на Вашиот партнер дека се отворате за Љубовта!!
Доколку Ви успеат овие вежби, Вашиот Љубовен танц ќе биде единствен, а Вашите души радосни.
Сексот е природна појава, потреба за комуникација на две души, препуштете и се на природата, предајте се на Душата која умее да ја слушне Песната на Вашето Срце!!