Јогурт против лош здив

Пиењето на јогурт е корисно во подобрување на оралната хигиена, уништувајќи го слојот бактерии на јазикот и се бори против халитоза (лош здив). Луѓето кои ќе конзумираат само половина чаша (90 гр.) јогурт двапати на ден во период од шест недели ќе имаат тенденција за пониско ниво на водород сулфид и други испарливи соединенија кои придонесуваат за лош здив.

 

Претходните студии укажуваат на придобивките од редовното конзумирање јогурт.

Еден извештај покажува дека жените кои јаделе јогурт најмалку три пати неделно, имале помала веројатност да им се развие инфекција на уринарниот тракт, во споредба со жените кои јаделе храна која содржи пробиотички бактерии како на пример јогуртот,помалку од еднаш неделно.

Други истражувања покажаа дека јогуртот игра улога во превенција и справување со болести на дебелото црево и други гастроинтестинални состојби.

Друга студија покажала дека луѓето кои внесуваат јогурт редовно, имаат помал ризик од кариес. Истражувачите од Универзитетот во Тсуруми Јокохама, Јапонија проучувале 24 учесници кои им било кажано да држат на диета без јогурт , сирење, кисел зеленчук и сите останати производи кои содржат стрептококи и лактобацили.

 

На учесниците потоа им дале јогурт без шеќер кој соджел ферментирани стрептококи и лактобацили двапати дневно меѓу доручекот и ручекот и меѓу ручекот и вечерата во период од шест недели. Потоа се анализирани примероци собрани од плунка јазикот на учесниците од студијата.

 

Тие откриле дека 80 проценти од учесниците кои имале халитоза сега имаа пониски нивоа на испарливи сулфидни соединенија по јадење јогурт секој ден во споредба со претходните две недели, кога тие не јадеа било каков јогурт.

 

Исто така, учесниците имаа значително помалку бел слој на јазикот и гингивит како резултат на јадењето јогурт. Наодите укажуваат на тоа дека дозата јогурт може да го намали причините кои доведуваат до лош здив и штетни бактерии.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.