Постојат голем број на вежби, со кои можете да ја подобрите вашата издржливост за возење на велосипед. Постепеното зголемување на брзината и далечината ќе ја подобри вашата кондиција, но сепак по професионалниот пристап кон тренингот ќе ви овозможи за пократок временски перод да ја подобрите вашата брзина и издржливост.
1. “Тренинг со една нога”
Направи го првиот затворен тренинг за оваа сезона на ергометар велосипед. Спушти ја едната од твоите нозе од велосипедската педаља и стави ја на подот. Стави го велосипедот во низок степен на пренос и започни со вртење со другата нога. На врвот на педалата при вртењето кога доага најгоре, постои мртва точка што го отежнува вртењето. Фокусирај те се на ова место на педалата и искористете ја инерцијата за да го направите преносот полесен. Кога ќе се уморите, проментете ја ногата и продолжете да возите со другата. Ако ја правите ова вежба редовно, ќе осетите подобрување на вашата издржливост.
2. Подобрете ја издржливоста со притискање на врвот од стапалото додека возите станат
Додека возите станат, притиснете ја педаљата, со врвот на вашето стапало. Оваа вежба ќе ви помогне да ги навикнете своите мускули на транзицијата од возење во станата положба до преминување во седечка положба.
3. 9 – 3 часовник – Вежба
Можете да ја направите оваа вежба секогаш кога возите велосипед во затворен простот (ергометар). Замислете ги тркалата како часовник, и стави ја едната нога напред во позиција каде стрелките на часовникот покажуваат 03:00 часот и задната нога во во позиција каде стрелките покажуваат 09:00 часот. Брзо движете ја вашата предна нога од напред (од позиција на 3 часот) кон назад (до позиција до 9 часот) и вашата задна нога (од позиција од 9 часот) до напред (до позиција до 3 часот)- преминувајки од една во друга позиција со стапалата, до точките на часовникот без запирање.
Сите овие вежби ќе ви помогнат да ја подобрите вашата издржливост и вашата техника. Продолжете и понатаму да возите велосипед во групи каде што имате конкуренција, така најдобро ке ја подобрите вашата издржливост.