Како зараснува скршена коска?

Коската може да издржи товар од околу 1.600 кг. и може да носи товар 20 пати повеќе отколку што може тулата.

Оттука се наметнува прашањето како истата може да се скрши?
Коската сепак , понекогаш може да се скрши под дејство на голема/јака сила.
Секое кршење на коската има име,зависно од тоа како е скршена коската(пукнатина или нецелосно кршење; просто или обично кршење; сложено кршење; отворено кршење.)


Местењето на деловите од скршената коска е слично на лепење парчиња од скршена чинија.
Деловите на скршената коска мораат да се наместат еден до друг така што да се допираат. Клетките на врзочното ткиво од коскените делови се намножуваат и ги поврзуваат меѓусебно.Коскеното ткиво има голема способност само да се обновува.

При кршењето на коската,нејзините делови и мекото ткиво,мускулите и крвните садови,околу скршеното се раздрани и повредени.Еден дел од повреденото ткиво изумира.Целата околина на скршеното,што ги содржи коскените краишта од мекото ткиво,се натопени со засирена крв и лимфа.Само неколку часа по скршувањето,младите клетки на врзочното ткиво почнуваат да се појавуваат во оваа засирена маса.Тоа е прв чекор во зараснувањето на кршот.


Овие клетки брзо се намножуваат и  наскоро потоа во нив се натрупува калциум.
Во текот на 72 до 96 часа по кршењето,тие формираат ткиво што ги поврзува краиштата на коската.
Во  новосоздаденото ткиво,се натрупува повеќе калциум од обичното.Калциумот помага повторно да се формира тврда коска,која постепено во текот на неколку месеци се развува во нормална коска.При кршењето на коската,обично се става гипс завој,со што се спречува движењето на коската и скршените делови се допираат.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.