Калинката била, а не јаболката што Ева ја изела од забранетото дрво! Со ова се докажува дека и во стари времиња се почитувала калинката, а денешните модерни испитувања ја потврдуваат нејзината репутација и сите нејзини благодети врз тие што ја конзумираат.
АНТИОКСИДАНСИ
Антиоксидансите се борат против слободните радикали, а со тоа го забавуваат стареењето. Калинките се богати со витамин Ц и полифеноли, кои делуваат како јаки антиоксиданси. Иако сеуште се вршат испитувања, се верува дека сокот од калинки спречува појава на рак. КАЛИНКАТА СОДРЖИ 3 ПАТИ ПОВЕЌЕ АНТИОКСИДАНСИ ОД ЗЕЛЕНИОТ ЧАЈ И ЦРВЕНОТО ВИНО.
БОГАТИ СО ВЛАКНА
Калинките се богати со природни растителни влакна. Влакната го подобруваат движењето на храната во цревата, го намалуваат холестеролот, ги намалуваат нивоата на шеќер во крвта и помагаат во намалувањето на телесната тежина. Тоа го прават со што Ви даваат чуство на ситост подолго време. Една калинка содржи околу 105 калории, со што ја прави ниско калорична супер храна.
ЗДРАВО СРЦЕ
Со тоа што го намалуваат лошиот холестерол, спречуваат да се таложи холестеролот на зидовите од Вашите крвни садови. Аргининот, аминокиселина која ги опушта крвните садови ќе овозможи крвта да тече полесно низ Вашите крвни садови. Шансите на некои проблеми со срцето ќе Ви бидат сведени на минимум.
ЗОШТО КАЛИНКАТА ДЕЛУВА СЛИЧНО КАКО И ВИАГРАТА?
Калинките се многу богати со антиоксиданси што помага во зголемувањето на протокот на крвта во пенисот. Овие антиеоксиданси се одговорни за зголемувањето на нивото на нитро оксид, кој е главен виновник за ширењето и опуштањето на зидовите на крвните садови. Поопуштени крвни садови, повеќе крв во пенисот, а ерекција се добива со собирање крв во пенисот.
Калинките исто така имаат и други придобивки кон сексуалните перформанси, освен подобрувањето на ерекцијата, се зголемува и количината на сперма.
Едно испитување во 2007 докажало дека 47% од мажите кои што конзумирале сок од калинка во периот од 2 недели имале подобрена ерекција.
КАЛИНКА ПРЕД ВЕЖБАЊЕ ВО ТЕРЕТАНА
Калинката може да делува како пумпач на мускулите поради големиот состав на аргинин, додека за подобрување на перформансите можете да дознаете тука.
И за крај, калинката е моето најомилено овошје.