Може да слушнете секакви информации. Некои ќе речат дека утрото е најдобро време за тренинг. Други ќе речат навечер. Некои велат дека попладне е најпогодно. Прочитајте за да ја добиете вистината.
Наутро:
– Вашиот организам не е заситен со храна изутрината, а тоа придонесува да согорите повеќе од резервите на енергија.
– Утринскиот тренинг го разбудува организмот, и ве држи енергизирани во текот на цалиот ден.
– Тренингот на многу атлетичари, па дури и тренингот на војската започнува во овој час, бидејќи тоа е удобно, можете по тренингот да се освежите со туш и да појадуваат и веднаш потоа да започне вашиот ден.
– Вие сте свежи во утринските часови, и нема да го прескокнете тренингот, бидејќи сте уморни, како по работа.
Попладне:
– Ова е погодно време за тие кои немаат никакви посебни обврски, освен тренингот.
– Сонцето се уште е отворено и може да придонесе да се чувствувате убаво додека тренирате.
– Ова е погодно време за луѓето кои сакаат да го постигнат нивните најголеми резултати. Нивното тело е енергизирано и доволно загреено во попладневните часови.
Навечер:
– Вашето тело е најопуштено и олабавено во овој временски период од денот.
– Одличен момент е за истегнување и правење на јога вежби во овој час.
– Тренингот во овој временски период ви овозможува да имате добар сон.
– Некои луѓе едноставно се чувствуваат подобро и посилни во текот на ноќта , поради тоа што вечераат покасно.
Вистината е, во тоа дека сите сме различни! И секој организам се чувствува најдобро во различни периоди од денот. Доколку тренирате правилно и се храните правилно, ќе напреднувате без разлика во кое време од денот ви е тренингот.