Кофеинот и спортот

Како делува и што може да направи за Вас?

 

Откако кофеинот ќе се внесе во организмот тој тој по неколку минути почнува да влекува во крвотокот и од 30-45 минути то целосно се апсорбира во организмот, по 3 часа неговото дејство почнува да се намалува

 

Кофеинот делува како стимуланс на срцето и централниот нервен систем со што го одложува заморот.

Го зголемува допаминот и тоа Ве прави посреќни, во исто време блокирајќи ги рецепторите на аденозин и прави да не се чуствувате поспани.

Привремено и ги зголемува способностите за меморирање, сваќање, рефлексна работа и Ве фокусура и концентрирува подобро.

Особено перформансите на спортистите се подобруваат значително доколку кофеинот се искомбинира со јаглехидрати.

 

Несакани ефекти

 

Несоница е еден од основните несакани ефекти и затоа се избегнува внесување кофеин 6-8 часа пред планираното време за спиење. Кофеинот е силен дуеретик и затоа ќе Ви се зголеми потребата од мокрење.

Бидеќи значително ги подобрува перформансите на спортистите, тој е забранет од Меѓународниот олимписки комитет. Ако Ваша цел не се олимписките игри, конзумирањето кафе пред тренинг ќе го извлече максимумот од Вас.

 

Каде и колку е застапен во производите:

 

1 шолја инстант кафе:                100 mg
1 шолја филтер кафе:                 140mg
1 шолја зелен чај:                       30-60 mg
1 лименка на кока кола:             40 mg
1 лименка енергетски пијалак:   80 mg
50гр темна чоколадо: околу       50 mg
50гр млечно чоколадооколу     25 mg

 

ВНИМАНИЕ: Кофеинот предизвикува зависност, затоа не пијте повеќе од

300 мг.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.