Кои напитоци се бројат како вода?

Водата НЕ ја ужива популарноста на зелениот чај, антиоксидансите и најновите диети, но таа самата има поголемо значење за човековото тело. Како што знаеме, телото е изградено од околу 70% вода, а тоа е доволен индикатор дека таа учествува во секој процес и состав, како здрава кожа, коса и нокти, контролирањето на телесната температура, крвниот притисок и брзината на работата на срцето.

Можете да бидете целосно хидрирани во текот на денот ако пиете вода и други течности, како и одреден вид на храна која хидрира.

 

ШТО СЕ БРОИ КАКО ВОДА?

Овошјето е одличен извор на вода, Лубеницата е 90% вода и е рангирана највисоко од сите други овошја. Портокалите, цитроните, како и дињата се со голем состав на вода.

Зеленчукот иако не е толку содржаен со вода како овошјето, тој исто така може да Ви обезбеди солидна хидратација. Целерот, краставицата, доматите и пиперките се одлични извори на вода.

♦Важата исхрана се состои од многу скриени извори на вода. Зголемете го внесувањето јогурт и супа.

♦За оние кои трошат многу вода, млекото е одлична замена да ја надополнат потрбната количина. Газираните пијалоци ги бие лош глас за хранливата вредност, но тие исто така делуваат хидрирачки. Џусевите и спортските iso напитоци се добри хидратори. Внесувајте пијалоци со помалку шеќери за поефикасно искористување на водата.

Кафето и чајот беа сметани како дехидратори, но митот беше разбиен по низата научни испитувања. Иако кофеинот што го содржат делува дуеретички, односно исфрла течности од телото, сепак и тие спаѓаат во хидратски течности.

Алкохолот е ГОЛЕМ дехидратор. Доколку пиете тоа треба да го правите заедно со вода. 1 чаша алкохол – 1 чаша вода.

♦Ако не Ви се допаѓа вкусот на обичната вода, додадете лимон во неа. Минералната вода е исто така многу добар избор, бидејќи содржи и минерали.

 

КОЛКУ ВОДА Е ПОТРЕБНА?

Ако тренирате, мора да пиете најмалку 500-700 мл. вода за времетраењето на трнингот, односно по 200 мл. на секои 15-20 минути. Следниот 1 час по трнингот, треба да испиете уште половина литар вода. Количината зависи од интензитетот на потење, топлината и видот на активноста.

Бојата на урината е најдобар индикатор дали имате доволно вода во себе. Таа треба да биде прозирна, па се до светло жолтеникава. А уште еден индикатор дека Ви недостига вода е времетраењето на периодот измеѓу мокрењето.

 

Недостигот на вода придонесува крвта да Ви биде погуста, па затоа срцето мора да работи побрзо за да може да ја испумпа густата крв низ телото. Исто така синтезата на протеини ќе биде многу намалена, бидејќи познато е дека таа се одвива во хидрирана клетка (мускул). Но и отровите од размената на материи ќе останат во крвта поради намаленото мокрење. Убаво е да го знаете сето ова за да не ја запоставите водата.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.