Која е најдобрата вежба за стомачни?

Ова е сигурно најпоставуваното прашање и околу него постојат многу дилеми. Најдобра вежба за стомачните мускули сигурно не се стомачните свиткувања, како што повеќето луѓе мислат. Исто така и подигнувањата на нозете не се толку многу ефикасни. На комплетно изведени стомачни мускули се мисли да бидат опфатени сите мускули од абдоменалниот и јадрениот дел.

 

Причината што овие вежби не се ефикасни е тоа што тие не ја нудат можноста за да се стабилизира тежината на телото и да и се спротистави на гравитацијата. Вежбите кои што Ве тераат да го задржите 'рбетот и карлицата во стегната позиција, активираат повеќе мускулни влакна од кој и да бил друг тип на вежба со свиткување и подигнување.

 

Најчестата вежба за стабилизација е "plank" позицијата, односно онаа позиција која ја завземате пред да почнете да правите склекови. Но наместо на дланиките, тежината ја поставувате од лактот па надоле по подлактицата.

Оджрувајќи ја оваа позиција 1 минута ќе ги разработи Вашите стомачни повеќе одколку што мислите, дури 66% повеќе од класичните стомачни вежби со свиткувања. Колку понапред се поставени рацете, толку поголем е напорот и подобри се резултатите.

 

Сакате да поработите повеќе на јадрото и на стабилноста? Пробајте да ја кренете едната рака во воздух, односно доволно е само малку да ја одлепите од земјата и држете ја оваа позиција од 30 – 60 секунди. Запомнете дека треба да бидете статични и да не правите движења со задникот, тоа е мамење.

Додека ги предизвикувате мускулите, запомнете на старата поговорка дека "Стомачните мускули се направени во кујната". На крајот важно е да знаете дека без разлика колку напоно тренирате, мора да внимавате што ќе јадете.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.