Флексибилноста, подвижноста и стабилноста (flexibility, mobility and stability) се термини, кои се повеќе и повеќе се среќаваат во фитнесот. Овие 3 моторички функции се поврзани една со друга, затоа еве едно заемно дефинирање на сите нив:
Флексибилност: Ова обично се однесува на должината на мускулите кога станува збор за подобрување на опсегот на движење во зглобовите. Таа најдобро се подобрува преку истегнување, но сепак е само дел од вкупната мобилност.
Мобилност: Ова се однесува на тоа, како правилно мускулите да се движат низ својот полн опсег на движење. Заемната функција на Мускулната должина (флексибилноста), мускулната напнатост / квалитетот на ткивото и како нервниот систем ги контролира зглобовите, сето ова, влијае врз мобилноста . Ова е причината зошто се употребува сунгерестиот ролер / за намалување на мускулната тензија и за подобрување на квалитетот на мускулното ткивото / истегнувањето се користи за да се зголеми мускулната должина и да се зголеми динамичната подвижност / и корективни вежби за да може нервниот систем да ги управува правилно мускулите. Сето ова е потребно за мобилност на зглобовите.
Стабилност: Кога станува збор за стабилноста, подобро е вашите зглобови да бидат соодветно употребувани , така што при физичка активност коските ќе го абсорбираат повеќето од стресот наместо да се компензира со користење на мускулите, тетивите и лигаментите да ја превземат таа функција. Тогаш доаѓа до повреда на меките ткива.
Вие треба да бидете сигурни дека имате соодветна мобилност на зглобовите, тоа води кон подобра заедничка стабилност а со тоа и ќе ја подобрите и целокупната сила.