Колку се ефикасни пробиотските бактерии?

ШТО Е ТОА ПРОБИОТИК?

Пробиотик е спротивно од антибиотик. Кога се внесуваат антибиотици, најчестата несакана последица е диареата, како и убивањето на добрите бактерии во дигестивниот трак. Аnтибиотиците ги убиваат и добрите и лошите бактерии во цревата, бидејќи неможат да ги препознаат. Пробиотиците за разлика од нив, им помогнуваат на добрите бактерии во дигестијата на храната и растењето на истите.

КАКО РАБОТАТ ПРОБИОТИЦИТЕ?

Според резултатите од истражувањата на пробиотските суплементи, пробиотиците по следниов механизам:

     ► се натпреваруваат со штетните бактерии во дигестивниот трак

     ► ја зголемуваат ферментацијата на растителните влакна

     ► го спречуваат апсорбирањето на штетните масти

     ► го засилуваат имуниот систем

 

ИСПИТУВАЊА ВРЗ ПРОБИОТИЦИТЕ

Што науката навистина мисли за пробиотиците? Групацијата на Британските нутриционисти  ослободи статија под наслов "Дали пробиотиците придонесуваат за здравјето?".

Тие таму наведуваат дека пробиотиците немаат голем придонес за луѓето кои се хранат здраво и имаа добро избалансирана диета. Но се покажало дека тие многу придонесуваат за луѓето кои јадат лоша храна и на кои им недостигаат витамини и минерали.

 

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.