Влијанието на физичката активноста врз здравје беше предмет на многубројни студии.
Но, во оваа групна студија , се истражува влијанието на вежбите со кревање на тегови врз спиењето.
Истрагата траела 10 недели , во која биле вклучени 32 лица меѓу 30 и 84 годишна возраст, кои тренирале во теретана 3 дена во неделата, секогаш водени од инструктор.
За да се контролираат придобивките исто така, имало и контролната група, со слична возраст но не и со иста изведба на вежби. Кај групата кој кревале тегови, значително се подобриа нивната субјективна оценка за депресија и квалитетот на сонот.
Испитаниците биле анкетно запрашани пред и по истрагата, како тие се чувствуваа и колку мислат дека е кваитетен нивниот сон. Тие тврдат дека значително се подобрил нивниот сон после редовното вежбање. Одговорот на контролната група, се разбира, останал исти.
Студијата не само што покажаува подобрување на квалитетот на сонот, но исто така ја зголемува силата, квалитетот на животот и го намалува процентот на депресија.